Репрезентацијата на Германија на Светското првенство (СП) ќе биде посилна за Уве Генсхајмер, ѕвездата на националниот тим кој доживеа семејна трагедија непосредно пред ракометниот Мундијал.
Главниот ракометар на „панцерите“ и најдоброто лево крило во светот пред заминувањето за Франција го загуби својот татко, кој почина. Поради тоа, неговиот настап беше неизвесен, но сепак, Генсхајмер реши да стисне заби и да игра за својот национален тим.
– Ќе играм. Знам дека мојот татко ќе сакаше да бидам дел од овој настан – накратко изјавил Генсхајмер.
Ѕвездата на Германија ги замоли новинарите да не бараат негови изјави за време на Светското првенство во Франција. Првиот меч на СП „панцерите“ го играат против Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.