| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавени две исчезнати лица

Две лица од Битола и Прилеп се пријавени за исчезнати во текот на вчерашниот ден, соопшти МВР.

Во полициската станица Прилеп, вчера Ќ.Ј. од село Житоше (55) пријавил дека на 10 јануари годинава од домот во непознат правец се оддалечил неговиот брат Ќ.З. (57). Исчезнатиот на 11 јануари околу 8:30 часот се упатил кон Градската болница во Прилеп, со цел да прими терапија бидејќи бил лице со ментална попреченост и констатирана болест епилепсија, по што не се вратил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во СВР-Битола вчера М.И. (38) од Битола пријавила дека на 8 јануари годинава од нејзиниот дом во непознат правец се оддалечил нејзиниот 11-годишен внук од брат, кој често пати не се враќал во домот на пријавителката туку престојувал кај роднини и другари во населбата Баир. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top