| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиев: Задоволен сум од ждрепката, сепак прво мора да се најде добар селектор

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев по дознавањето на противниците за Европската лига се огласи со свое видување и потенцираше дека ривалите се по мерка.

– Добра ждрепка, имаме полесна група од минатата година. Мораме прво да обезбедиме пласман на завршниот Ф4 турнир, па потоа ќе размислуваме чекор по чекор. Секако дека мора да размислуваме годинава да направиме исчекор напред во однос на минатите година, а тоа е да ја освоиме Европска лига – изјави Ѓорѓиев.

Играчот на јапонски Торај кажа дека сепак до натпреварите има уште многу работа, најмногу во сопствените редови кај „црвено-жолтите“, кои треба да се консолидираат.

– Сепак ние прво мора добро да се организираме, имаме пет месеци до стартот на Европската лига. Треба да се најде првенствено добар сеплектор, со кој ќе се направи план за подготовки, а потоа сите сериозни заедно до тргнеме до нашата цел – изјави Ѓорѓиев.

Во групната фаза нашата селекција се наоѓа во А групата, каде што за противници ги имаме Шведска и Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top