Велко Маркоски се повреди во мечот со Тунис и уште не е познато дали ќе биде во составот за натпреварот со Англола, во 2. коло на Светското првенство (СП) во ракомет во Франција.
– „Вистинска штета е што останавме без Маркоски, сите многу добро знаете од колкаво значење е овој играч за нашата одбрана. Станува збор за проблем со грбот, мислам дека го мачеше и претходно, но тој молчеше и веруваше дека може да игра со болка. Лекарите треба да видат за што поточно станува збор, се надевам на добри вести и дека наскоро повторно ќе го имаме на располагање – изјави Червар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.