| четврток, 6 декември 2018 |

Црни денови за Нутела

nutela

Во Европа расте загриженоста по најновиот извештај во кој е наведено дека „Нутелата“ е канцерогена. Се работи за палминото масло кое се користи за изработка на кремот, које ѝ ја дава мазната структура и ѝ го продолжува рокот на траење.
Италијанскиот гигант „Фереро“ неодамна започна рекламна кампања, во која ги уверува потрошувачите дека во „Нутела“ се користи безбедно палмино масло, пренесува Ројтерс.
Во мај европскиот орган за контрола на храната предупреди дека контаминат кој се наоѓа во палминото масло за јадење може да биде канцероген и предупреди дека и умерено консумирање на кремот кај децата може да претставвуа ризик, односно со други зборови, ни мали количества не се сметаат за безбедни.

Nutella-barattolo-1300x867

Стравот потекнува од фактот дека соединение од палминото масло кое во обработката се загрева на 200 степени, станува штетно.

Палмино масло користат стотина брендови на оваа компанија, но само „Нутела“ предизвика толкава реакција кај потрошувачите. Неколку трговски синџири во Италија и суперкаркети ја бојкотираат поради превенција.

„Фереро“ инсистира да продолжи да го користи палминото масло во своите производи и покрај обвинувањата дека е небезбедно, зашто, како што велат, се работи за квалитет, а не за цена.

Мазната структира на прозиводите на Фереро не може да се псотигне со ниту едно друго масло за јадење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top