Консумирајте по една лажица пред секој оброк или при силна затнатост и кашлица и решете ги проблемите со дишењето и тешкотиите.
Потребни состојки:
– 7 лажици мед
– сок од 2 лимони
– 500 гр кафеав шеќер или 2 шолји јаворов сируп
– 500 гр црвен кромид
– 6 шолји вода
Подготовка:
1. Во поголем сад затоплете го кафениот шеќер до фаза на топење, па додадете му го сецканиот кромид. Пржете на ниска температура неколку минути, внимавајте да не ви загори, а потоа додадете ја водата.
2. Варете на средна температура додека не испари 1/3 од водата, а потоа садот оставете го на страна малку да се олади.
3. Помешајте го лимоновиот сок со медот, па додадете го во оладениот сируп и добро промешајте. Оставете го лекот на преноќи, па наутро процедете и ставете го сирупот во стаклено шише во фрижидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.