Легендарниот поп пејач Мики Јевремиќ 27. декември минатата година доживеа тежок мозочен удар, а веќе неколку дена е во кома. Здравствената состојба на пејачот во овој момент е многу тешко, што тоа го потврдува и неговиот помлад брат Зоран Јевремовиќ кој додал дека лекарите го одржуваат пејачот на апарати и дека сега е во Божји раце.
– Мики во вторникот беше на реанимација. Разговарав со лекарите и ми рекоа дека ситуацијата, за жал е многу сериозна. Доживеал слаб мозочен удар, сега состојбата му се покомплицира, има покачен крвен притисок, а веќе неколкку дена и висока температура, открил братот на Мики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.