Преостануваат уште четири дена до почетокот на првиот гранслем-турнир сезонава, Австралија опен, а веќе се познати носителите.
Како прв носител првпат во својата кариера ќе биде Енди Мареј, втор е Новак Ѓоковиќ, додека четирикратниот шампион од Мелбурн, Роџер Федерер, е 17. и во зависност од ждрепката во третото коло ќе се сретне или со Мареј или со Ѓоковиќ.
Шпанецот Рафаел Надал е деветти носител, а во првите десет се уште и Раониќ (3.), Вавринка (4.), Нишикори (5.), Монфилс (6.), Чилиќ (7.), Тием (8.) и Бердих (10.).
Ждрепката ќе се одржи утре, а првите мечеви ќе се одиграат во ноќта меѓу недела и понеделник по средноевропско време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.