Лина Ѓорческа, најдобрата наша тенисерка и спортистка за 2016 година, утрово ја израдува целата македонска јавност откако за првпат во историјата извојува победа на едни квалификации од гранслем-турнир. Во првото коло, 22-годишната тетовка со 2-1 во сетови ја совлада далеку подобро рангираната тенисерка од САД, Саша Викери, а по мечот откри една тајна, а таа е дека ѝ се исполни детскиот сон.
– Од секогаш мој идол била Серена Вилијамс, а сега таа е тука и јас, на ист турнир што значи остварување на детскиот сонот. Сепак одиме чекор по чекор, меч по меч. Најбитно е што победив во првото коло и донесов прва историска победа на една Македонка на гранслем-турнир – изјави Ѓорческа.
Утре, Лина во второто квалификациско коло ќе се соочи со 160. тенисерка на светот, Далма Галфи од Унгарија, меч кој ќе започне околу 3.00 часот наутро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.