Убедливо најдобриот играч на Вест Хем минатата сезона, Французинот Димитри Паје, започнал да му создава проблеми на клубот и тоа за време на зимскиот трансфер-период.
Паје неодамна побарал трансфер, а клубот нема намера да му дозволи да си замине. Францускиот репрезентативец нема да тренира со првиот тим, што значи дека нема да конкурира за место во тимот за натпреварите во следните кола.
– Имам проблеми со еден фудбалер. Се работи за Димитри Паје. Тој сака да замине. Ние веќе кажавме дека нема да ги продаваме најдобрите играчи, но Паје повеќе не сака да игра за нас. Сепак, нема да го продадеме – изјавил менаџерот на Вест Хем, Славен Билиќ.
Паје во февруари минатата година го продолжи договорот до 2021 година, а како заинтересирани клубови за него се споменуваат ПСЖ и Олимпик Марсеј, кој наводно веќе испратил понуда од 40 милиони евра
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.