Популарната актерка Сиена Милер во новиот филм на Бен Афлек, ја игра фаталната Иркиња, Ема Голд, а на новинарите на „Е Њус“ им открила дека снимањето на сцените секс било повеќе од интензивно.
Таа и Бен Афлек дури девет часа ги снимале сцените на секс.
-Снимавме секаде, во автомобил, во кафуле…Цел ден беше резервиран за љубовни сцени. После девет часа снимање почнав да се тресам и солзите сами ми течеа низ лице – рекла Сиена Милер.
Таа со Афлек е во исклучително добри односи, па ова искуство, барем од таа страна и било олеснето.
-Ние двајцата сме како брат и сестра, немаше непријатност, туку глупаво смеење. Тој е голем професионалец, за разлика до мене – објаснила таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.