СДСМ не е победник на изборите и кој ни гарантира нам за стабилна ситуација? Доколку ние донесеме непромислена и неанализирана одлука, односно секоја избрзана одлука е одлука која може да предизвика последици. Во ситуација сме каде што не брзаме никаде туку 99 пати ќе размислиме а стотиот ќе пресечеме, за да донесеме одлука, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во гостувањето на ТВ 21.
Ахмети вели дека вистината која што не може да се негира е дека ВМРО-ДПМНЕ е победник во македонскиот блок.
-Таа вистина не може никој да ја оспори. Исто така вистина е дека ние во 2006 година инсистиравме, победникот да коалицира со победникот, објаснува Ахмети.
Додава и дека ова правило важи за двете страни и за албанскиот и за македонскиот блок и тука нема дилема.
-Господинот со право вели дека Македонците не ме сакаат, но вака одлучиле Албанците. 15 години по ред ДУИ е сила која што раководи бидејќи Албанците ни веруваат. Тогаш беше различно и за ВМРО да го направи овој чекор за заедничко владеење и заедно да ја раководиме државата, вели Ахмети.
Ахмети заклучува дека ВМРО-ДПМНЕ е политички субјект кој има 100% капацитет.
-ВМРО секако има поголем капацитет од СДСМ. СДСМ во проценти, но не знам точно, но голем процент им се Македонци. Може да биде 35, 40, 45% гласови кои што не се македонски. Вистината е таа и не може да се негира а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ понесе победа во македонскиот кампус, заклучува Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)