Во семејна куќа во охридското село Лескоец е пронајдено безживотното тело на У.П. (1950) кој освен македонско имал и австралиско државјанство.
Починатиот го пронашле роднини, кои ја известиле полицијата.
Доктор од Итна помош на телото на починатиот не открил знаци на насилна смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е однесено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.