| четврток, 6 декември 2018 |

Милан се откажа од Кака и се врти кон Балотели

Иако изгледаше дека камбекот на Бразилецот е готова работа, според Галијани, синоќа се пропадна

Разнишаниот фудбалски гиган од Сан Сиро нема да ја исполни главната цел во јануарскиот преоден рок бидејќи Милан не може да ги плати средствата што Реал Мардид ги бара за Рикардо Кака. Во реализација на преминот не помогна ни тоа што Бразилецот има желба и што се сложи да добива плата за 40 насто помала од таа што му е загарантирана на Сантијаго Бернабе. Според директорот на седумкратниот Европски првак Адријано Галијани, проблемот во откупот на правата врз Кака настанал пред се, во делот на уплата на даноците при трансферот кој требаше да го донесе најдобриот светски фудбалер од 2007.година назад во Милано по пауза од 3 години.

Според медиумите од Апенините сега Милан сите сили и средства акумулирани од продажбата на Пато, евентуално и од Робињо, ќе ги насочи кон Марио Балотели. Но во Милано признаваат дека тие не се во позиција да иницираат, туку пред се треба да сочекаат евентуална трансфер листа во Манчестер Сити, а потоа ќе треба и да се изборат со моќната конкуренцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top