Долгогодишниот капитен на Челси, Џон Тери, ќе го напушти „Стемфорд бриџ“ во зимскиот преоден рок, откриваат медиумите на Островот. Тој ќе остане во Премиер – лигата, но ќе го носи дресот на Бурнемаут до крајот на сезоната. Ветеранот не може да се надева на поголема минутажа со оглед дека менаџерот Антонио Конте го пронајде составот кој игра одлично во изминатиот период, а на клупата сега ќе го има и младиот и робусен Курт Зума, кој се опорави од повредата.
Покрај ова, „сините“ од позајмица го враќаат и Нејтан Аке, кој исто така може да игра и како стопер, но и како последен играч за врска. Токму поради ова, Џон Тери најверојатно ќе прифати да замине како позајмен играч во редовите на Бурнемаут.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.