Фудбалерите на Атлетико Мадрид во првиот реванш меч од осминафиналето на Купот на Кралот на „Висенте Калдерон“ се поразени со 2-3 од тимот на Лас Палмас, но и покрај поразот обезбедија пласман во четвртфиналето. На првиот натпревар одигран на Канарските острови, „јорганџиите“ славеа победа од 0-2.
Диего Симеоне за синоќешниот натпревар се одлучи за комбиниран состав, но и тој беше доволен за тимот на Лас Палмас. По 0-0 на одморот, во вториот дел резултатот го отвори Гризман во 49. минута, а гостите израмнија на 1-1 преку Хрватот Ливаја во 57. минута. Само четири минути подоцна Кореа донесе ново водство за мадриѓаните, а Ливаја во 89. минута со неговиот втор гол денес израмни на 2-2. За нецелосно изненадување се погрижи Гарсија во 93. минута, поставувајќи ги конечните 2-3.
Денеска се играат нови четири натпревари од Кралскиот Куп, а најголемо внимание привлекува натпреварот на „Камп Ноу“, каде Барселона ќе брка негатива, по поразот од 2-1 од Атлетик Билбао.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)