Веста дека мајката на реперот Реља Поповиќ почина, ја изненади јавноста, како поради тоа што никој не знаел дека таа се бори со тешка болест, така и поради фактот дека се работи за Зоја Беголи, легенда на српската уметност, прва солистка на балетот, педагог, професорка, прведувачка, издавач.
Иако на јавноста и е познато дека таткото на Реља починал кога раперот имал само две години, малкумина знаат дека Зоја 18 години била во брак со актерот, сценарист и педагогот Фарук Беголи.
Беголи, со потекло од истакното семејство во Пеќ, завршил студии по глума во Белград и играл во повеќе од 70 филмови и беше еден од најпопуларните актери во поранешна Југославија.
Последен пат Фарук Беголи заигрл во српски филм во 1992 година, по што се вратил во Приштина и таму се посветил на педагошката работа.
Беголи почина во Пришитна на 23 август 2007 година во 63 година од животот.
Многумина велат дека љубовта меѓу Зоја и Фарук била за цел живот иако тие се развеле по 18 години брак, а Фарук за Зоја зборувал најубаво:Бев побогат за таа љубов, таа жена!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.