| четврток, 6 декември 2018 |

Фрчкоски истресок на темната страна на историјата на државата

frcko-mafija-640x328

Дали сега е секому јасно што направија СДСМ и Зоран Заев, колку проблеми отворија само заради своите партиски и финансиски интереси. Отворија процес на уривање на Македонија за да добијат 60.000 албански гласови, отворија процес по кој за Македонија не одлучуваат македонските граѓани туку албанскиот премиер Еди Рама, кој во Тирана ги собра албанските партии од Македонија за да им издиктира каква Македонија тој сака, а каква ние мораме да прифатиме бидејќи Заев и СДСМ тоа го понудија. Сега СДСМ и албанските партии се тркаат да покажат кој е поголем Албанец.
Албанските партии, за тие цели, сега потпишуваат заедничка платформа која е обврзувачка за сите нив. Во Платформата се наведени скоро 30 точки со рокови за нивно имплементирање. Таквиот факт не го негира дури и еден од идеолошките творци на опозицијата Љубомир Фрчкоски. Тој во најновата колумна пишува дека платформата е гигантско разочарување. За потсетување, ова е човекот кој бара директно премиер за Албанец.

Кој е Љубомир Фрчкоски – од криминалец до кодош

Љубомир Данаилов Фрчковски е човекот чие име се врзува со сите темни настани од поновата историја на македонската држава. Тој што како експерт што како директно инволвиран политичар учествувал во сите поголеми настани кои што македонската историја ги оценила како штетни. Неговите почетоци на македонската политичка сцена започнуваат со неговото министерување во криминалните влади на Црвенковски.

Тој можеби заедно со уште неколку личности од СДСМ е најматниот лик на политичка и општествена сцена која Македонија некогаш го имала. Овој човек единствено по кое може да се смета за експерт и професор е само сферата на хушкања, сплеткарења, скандали и се разбира сомнителни криминални зделки.

Овој човек нема ниту морален ниту етички кредибилитет да зборува за други, кога самиот тој е до гуша заглавен во афери.Тоа го говорат и негови современици, сведоци на тоа време, па дури и директни чинители на матните зделки со овој криминоген тип.

За потсетување, овој експерт и професор за скандали и криминали беше министер за внатрешни работи кога во Македонија се кршеше ембаргото кон СР Југославија со шверц на Нафта и цигари. И Петри Аме и Љубомир Магаш и Роли Јакуповиќ се директни сведители на криминалите кои се правеа во Македонија под директна закрила на тогашното министерство за внатрешни работи под контрола на Љубомир Фрчковски.

Доколку некој заборавил да го потсетиме дека братот на Љубомир Фрчкоски токму во време на неговото министерување го доби бизнисот со фри шопови преку кои милиони германски марки завршуваа во приватни џебови.

Како министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски кумуваше на сомнителните зделки со набавка на скулптури, уметнички слики, коњи липицанери и рејбан очила за полицијата или пак скандалот со патни исправи преку фирмата ЗУС со кои се одлеваа милиони тогашни германски марки во фирми блиски до СДСМ. Еве отворено го прашуваме експертот Фрчковски дали се точни сведоштвата од тој период дека 30 отсто завршувале лично во негоиот џеб?

Кој е кредибилитетот на Фрчкоски да излегува во јавноста и да зборува за демократија кога во неговото министерување се случија настани како Мала Речица, демолирањето на дискотеката на Хард Рок или долгогодишното незаконско следење на политичкиот противник во случајот ТЕМЕЛ, за кој беше и лустриран . Лицемерие до небо.

Токму во негов мандат се случи и атентатот на претседателот на државата Киро Глигоров кој никогаш не беше расветлен, пред се поради непрофесионално водената истрага токму од страна на МВР под раководство на Љубомир Данаилов Фрчкоски. Да биде иронијата уште поголема Фрчковски потоа стана министер за надворешни работи и продолжи да влегува од криминал во криминал. Овој пат од позиција министер за надворешни работи тргувал со националните и државните интереси

Лично покојниот Глигоров во својата книга Македонија е се што имаме сведочеше дека Фрчковски во два наврати се обидел да го поткупи. Првиот пат му договорил средба со грчки преставници кои му понудиле 1 милион долари на било која сметка во светот, само за да попушти во спорот за името.

Втор пат истиот Фрчковски му нудел скапоцена амфора од потонат брод, златен часовник, а во куферче и сто илјади долари само за да му даде заштита на екс шефот на грчката известителна служба. Глигоров лично сведочеше дека Фрчковски веќе добил ист таков часовник како подарок од Грците.

Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи, професорот на Правниот факултет Љубомир Фрчкоски, е и лустриран кодош.

Образложението на Комисијата за верификација на фактите се идеолошко-политички причини поради кои, наводно, бил наредбодавател додека бил министер за внатрешни работи, од 1992 до 1996 година.

Ете ова е само дел од скандалите кои го отсликуваат лицето на експертот за афери и криминали Љубомир Фрчкоски.

Овој човек во минатото покажа дека е подготвен за личен интерес да кумува со шверц, кршења на ембарго, да продава државни и национални интереси, да корумпира и нуди поткуп.

Фрчковски беше прв кој ја промовираше идејата за албанец премиер. Оваа идеја Фрчкоски смета дека треба да се актуелизира токму сега во овој чувствителен момент за Македонија кога партиите преговараат за изборниот модел и други актуелни политички прашања.

– Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи Албанец би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.

Оттука е јасно зошто еден ваков криминоген тип е избран од некои надворешни фактори да ја разградува Република Македонија, да хушка и да предлага и креира сценарија кои треба да ја дестабилизираат нашата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top