Прв факт, Спасов не е магаре ниту човек, типот нема ни чест ни образ, па не му паѓа на памет да се самоубие, напиша Мирка Велиновска за Ѓорги Спасов.
По признание на Бранко Црвенковски, Спасов е негово дете. Тој го родил или создал во наплив на уметничка креативност. Иако физички постоеше и пред тоа. Дали го делкал од ребро, дали од глина, тој си знае. Важно е само тоа дека за неговата професионално-политичка кариера од 1993 година е одговорен тој, оти сам не бил способен речиси ништо да создаде со сопствен труд и интелект, напиша Мирка за Спасов.
Втор факт. Спасов како генерален секратар на СДСМ ќе се памети по класичното газење на демократијата. „Гулаб превртач смени став кога СДСМ за коалициски содружник го одбра никој друг туку Љупчо Георгиевски и ‘шарлатанот’‚ Љубе Бошковски. Срам? Ма ајде, ви се молам! Прагма поради која денес ѝ го пушат и на ЦИА и на Сорос и на цела белосветска неофашистичка профитерска банда. Прагма поради која утре, ви гарантирам со глава, ќе одат на ‘лизинг’ во Москва со исто образложение – дека не се магариња, туку авангарда“, напиша Мирка за Спасов.
Третиот факт, Спасов беше министер за правда токму во времето кое, може слободно да се каже, е неправда. Тоа е токму во времето на раните деведесетти години кога судството и обвинителтстово 100 осто и без исклучок беа партиско под капата на СДСМ. Судиите директно се избираа во кабинетот на СДСМ, место низ транспарентна постапка и не бепше отворен ниту еден случај за криминалната транзиција и приватизација во која беа затворени повеќе од 400 големи фабрики и 200 илјади останаа на улица.
Четвртиот факт, гулабот превртач поради слабото министерување беше пратен во Англија да биде амбасадор со цел да го тргнат од владата. Потоа и од таму беше отповикан по низата дипломатски скандали, како и сомнежи за финансиски малверзации.
Петиот факт за бедата на Спасов е тоа што тој е лустиран кодош. Членовите на лустрациската комисија утврдиле дека Спасов соработувал со службите за безбедност во осумдесеттите години и дека неговото име го имало во три лични досиеја во Државниот архив. Од документите што се објавени на веб-страницата на Комисијата може да се види дека Спасов давал податоци за лица поради анархолиберализам, за лица што сакале да се воведат полиберални сфаќања во општеството, односно досиејата биле формирани поради идеолошки и политички причини. Во решението на Комисијата за верификација на фактите се вели дека Ѓорѓи Спасов како асистент во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, давал информации за лица од весникот „Студентски збор“ што дејствувале од анархолибералистички позиции, сакале да воведат полиберални ставови во весникот што ќе ги интересираат граѓаните, а иницирале и собирање потписи во градот во знак на поддршка на синдикалната организација „Солидарност“. Спасов објави дека управниот судија ја поништил одкуката за лустрирање, но освен тоа што не ја објави одлуката и за кој дел се однесува тоа, уште поважно е што тоа не го поништи фактот дека тој поткажувал и кодошел за што има и пишани списи.
Шестиот факт, Спасов е носител и главен на партиската агенција „Рејтинг“. Оваа агенција е клон на СДСМ и по потреба пушта анкети што, по правило, се целосно погрешни, но имаат намера да го храбрат членството на СДСМ кому сè друго треба да му е виновно само не партиското раководство за сите изборни порази во низа. Спасов ги утна локалните претседателски избори, повеќе парламентарни избори, како и референдумот за ГТЦ во Центар.
Седмиот факт за очајот и за бедата на Спасов е тоа што јавно застана во одбрана на платеничката револуција финансирана од Сорос, во време кога тој преку неговите организации зема пари и проекти од Сорос. За колкава сума стаува збор тој никогаш не се изјасни, иако сомневањата се дека се работи за неколку милиони денари месечно. Факт што никогаш не го негирал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Потврден кредитниот рејтинг на Македонија
-
По 100 дена власт Шилегов за 14.000 евра ќе си го мери рејтингот
-
Жителите на Аеродром барат одговорност: Сака ли Златко Марин со парите на граѓаните да си ја плати својата изборна кампања?