Статуата на аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси во центарот на Буенос Аирес е речиси целосно уништена од неодговорни злосторници во текот на вчерашниот ден.
Целиот горен дел и лицето се уништени, а само долниот дел е во добра состојба.
Статуата беше поставена минатото лето, а сега веднаш е однесена на поправка, па потоа ќе се утврди дали има простор за корекција или ќе се изработи нова статуа.
Лионел Меси се врати во дресот на репрезентацијата на Аргентина по неговата одлука во јуни минатата година да се повлече по Копа Америка во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.