Едно канадско село, кое се наоѓа на еден час возење северно од Монтреал, може да биде ваше само за два милиони долари, но постои еден детаљ.
Од 45 згради во ова село по име Канадијана, само една е добра за живеење, затоа што сите други се само дел од сценографија.
Канадијана поточно е изградено со цел да стане туристичка атракција и осмилено да потсетува на населбите од 19 век.
Селото Канадијана своевремено имало и по 30.000 посетители годишно.
И покрај тоа, интересот е голем затоа што Канадијана било дел од повеќе од сто филмови и телевизиски серии, вклучувајќи ја и биографската драма на Боб Дилан „I’m Not There“.
Сопствениците велат дека би сакале селото да го купи некој што ќе го одржува, што значи дека мора да се грижи за салонот, црквата, продавницата, мостот, продавницата за препарирани животни, „затворот“, воденицата и гробиштата и за околу 20 куќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)