| четврток, 6 декември 2018 |

Милиони верници газат едни преку други за да го бакнат Црниот Исус (Видео)

Повеќе од 1.200 луѓе во Манила се здобиле со повреди или им е пружена помош поради висок притисок и вртоглавица.

crn-isus-manila-05-640x361

Милиони босоноги верници учествувале во најголемата верска прослава на Филипините, каде мнозинството се католици, за да ѝ оддадат почит на прастарата статуа од Исус Христос, за која веруваат дека е чудесна.

Илјадници полицајци и војници ја обезбедуваат свеченоста со статуата од Црниот Назареќанец во центарот на Манила, при која верниците минуваат повеќе од 6 километри.

Некои учесници ноќта ја минале во паркот во Манила, каде статуата од Црниот Назареќанец е изложена од саботата, за да можат верниците да го бакнат или допрат.

Организаторите очекуваат дека околу 17 милиони ќе учествуваат во поворката, а повеќе од 1.200 се здобиле со повреди, или им била пружена помош поради висок притисок или вртоглавица.Во 2016 година свеченоста траела 20 часа, но организаторите се надеваат дека оваа година ќе биде пократка.

Поради загриженоста дека исламските бунтовници би можеле да ја нападнат прославата, властите ги смириле верниците велејќи дека безбедносните сили ги преземале сите чекори за да спречат можни инциденти.

Се верува дека древната статуа од Исус во Манила од Мексико ја довеле шпански мисионери во 1606. година.

Бродот на кој се наоѓала статуата го зафатил пожар, но статуата малку изгорела и го добила името Црниот Назареќанец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top