| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Кејт Мидлтон секогаш носи мали плик чанти?

Секое издание на Кејт Мидлтон е елегантно, па така и нејзините плик или клач чанти мора да се вклопуваат. Но, таа никогаш не носи голема чанта преку раменици.

Додека сите мислат дека се работи за уште едно од многуте правила за принцези, експертите тврдат дека малите чанти се многу повеќе од само моден избор.

Кејт носи мали чанти на важните настани за поздравувањето да не стане непријатно.

Кога не сака или не треба да се ракува со одредени луѓе, чантата служи како трик „дека рацете ѝ се зафатени“, па доволно е да упати насмевка.

Протоколот е таков што ако на членот од кралското семејство (во случајов Кејт) рацете не му се отворени, не треба да посегнете да се поздравите. Доколку нивната рака посегне прва, тогаш мора да се поздравите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top