Како што откриваат шпанските медиуми, Манчестер Јунајтед ќе биде клучен фактор во врска со евентуалното заминување на Алексис Санчез од редовите на Арсенал. Имено, познато е дека „црвените ѓаволи“ сериозно се заинтересирани за услугите на Французинот, а планот на „јорганџиите“ е со тие пари да го придобијат првиот ас на Арсенал.
Веќе неколку седмици се шпекулира за новиот договор на Санчез со лондонскиот клуб, но засега ништо од него, па многу веројатно е Чилеанецот од ова лето да го видиме во нов дрес.
Пред извесен период, Арсен Венгер изјави дека Санчез сака да остане во клубот уште долг период, но на последните мечеви сè повидливи се незадоволството и лутината на првиот стрелец на „топџиите“ оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.