Името на убиецот на српската пејачка Јелена Марјановиќ сè уште не е обелоденето, и покрај тоа што полицијата се изјасни дека веќе знае кој го сторил тоа. Бруталното убиство најмногу го измачува семејството, но и јавноста нема мир поради оваа трагедија што го потресе целиот Балкан. Ужалениот сопруг Зоран за српските медиуми откри нешто што досега не се знаеше. Имено, тој проговори за тоа како неговата сопруга ноќта на тој пеколен 2 април му зборувала за смрт, како да имала претчувство дека таа ќе земе некого.
-Јас и мојата Јелена бевме во студиото и снимавме нова песна. Додека таа солидно ги вежбаше тактовите, надвор се слушна птица. Беше тоа був на покривот од нашата куќа, јас потрчав да го избркам, но Јелена ме спречи. Рече дека тоа во нејзиниот крај значи лош знак и да ја оставам птицата. Потоа почна да ми раскажува за некое дамнешно верување дека бувот навестувал смрт на некој од семејството. Исплашена за нејзината болна мајка, јас го разбрав стравот во неа и ја оставив птицата - раскажува тој.
Како што вели самиот, не ни претчуствувал дека бувот ја претскажал смртта на неговата жена.
-Тој ден инсистираше да трча, па заедно со ќерката сите тројца тргнавме накај насипот со автомобил. Таа не остави да си играме и продолжи со своето трчање, од кое никогаш повеќе не се врати. Песната сè уште не сум ја завршил, немам сила да го направам тоа - додава Зоран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.