Силен аплауз и овации од сите присутни во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, Калифорнија. Вака Бред Пит беше пречекан од своите колеги кога синоќа, на 74. доделување на наградите „Златни глобуси“, се качи на сцената да го претстави филмот „Месечева светлина“, кој подоцна победи во категоријата за најдобар филм-драма.
Педесет и тригодишниот актер гордо чекореше до сцената, а аплаузот и поддршката го бодреа на секој чекор. Мет Дејмон изгледаше особено задоволен што неговиот колега изгледа добро и покрај кризата во приватниот живот.
Неодамна, Пит имаше горчливо божикно искуство бидејќи доби само четири часа со неговите деца за празникот. Наводно, најстариот посвоен син Медокс одбил да присуствува на таа средба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)