| четврток, 6 декември 2018 |

Почина бездомник во Аеродром

bezdomnik

Бездомник на возраст од 68 години е пронајден починат во скопската населба Аеродром на улицата „Бојмија“, информираат извори од Министерството за внатрешни работи.

Смртта на бездомникот ја пријавил негов другар, исто така бездомник, кај чуварот позади старите магацини на АРМ во чуварницата спроти поликлиниката Јане Сандански на улицата „Коста Новаковиќ“.

Случајот бил пријавен во полиција утрово околу 9.30 часот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по нардба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција.

Изминатава седмица Македонија ја зафати поларен студ со минусни температури кои се спуштија и до минус 28 степени. Се претпоставува дека бездомникот починал од студ, но точната причина за смртта треба да ја покаже обдукцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top