| четврток, 6 декември 2018 |

Моментот кога камионот на смртта ги коси израелските војници (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

 

Терористите го променија начиниот на убивање недолжни луѓе, односно сега масовни убиства се извршуваат со камиони, залетувајќи се во маса луѓе. Најмалку четири лица беа убиени, а 15 се ранети во нападот со камион врз израелски војници во Ерусалим, јави израелската полицијата, цитираат британските медиуми.

Еден од ранетите се наоѓа во тешка состојба.

Камионот се втурнал во група војници, кои што туку слегле од автобус во Источен Ерусалим, пренесе ДПА.

Убиени се три жени и еден маж. Сите жртви се на возраст меѓу 20 и 30 години.

-Ова е терористички напад, изјави портпаролката на полицијата за израелското државно радио, додавајќи дека возачот на камионот е совладан.

Израелските медиуми јавуваат дека возачот на камионот е Палестинец, жител на Источен Ерусалим, кој бил застрелан од нападнатите војници. „Израел њуз онлајн“ пренесува дека напаѓачот бил од Џабел Мукара, дел од градот во кој живеат претежно Арапи и дека полицијата во моментов ја претресува неговата куќа. Идентитетот на возачот на камионот се уште не е објавен.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „се укажува“ дека напаѓачот е поддржувач на Исламската држава.
Нападот се случил на популарно шеталиште над стариот град Ерусалим.

Од октомври лани палестински напаѓачи убиле 36 Израелци и двајца американски туристи, главнос о напад со нож. За тоа време загинале 229 Палестинци. Израел тврди дека повеќето била напаѓачи и дека насилствотое последица на поттикнување напади. Палестинската страна, меѓутоа, предупредува дека Израел остро реагира на обидите за напад и дека тие се последица на петдецениската окупација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top