| четврток, 6 декември 2018 |

Сабине Лисицки го откажа учеството на Австралија Опен

Wimbledon Championships

Финалистката на Вимблдон од 2013 година, германската тенисерка Сабине Лисицки, ќе го пропушти првиот Грен-слем турнир оваа година, Отвореното првенство на Австралија. Лисицки со месеци има проблеми со рамото и не настапува ниту на подготвителните турнири, а нема да се пријави ниту за ждрепката.

27-годишната Германка, која во овој момент е на 92. место на ВТА ранг-листата, се надоврзува на откажувањата, откако претходно и Викторија Азаренка, Петра Квитова и Медисон Кис од различни причини го откажаа настапот.

Покрај принудните изостанувања, во Мелбурн првпат по подолго време нема да настапи ниту Ана Ивановиќ, која објави пензија од тенисот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top