Бугарскиот тенисер Григор Димитров е победник на АТП турнирот кој се играше во Бризбејн.
Димитров во финалната пресметка на турнирот славеше против Јапонецот Кеи Нишикори во три сета, победувајќи со 6-2,2-6,6-3.
Бугаринот за еден час и 50 минути игра му дозволи на Јапонецот да освои еден сет, но сепак беше повеќе од концентриран во третиот сет за конечен триумф. Со овој освоен турнир некогашниот најголем талент на тенисот најавува добра форма и одлична сезона пред почетокот на првиот грен-слем оваа сезона, Отвореното првенство на Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.