Авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“ се одвива нормално, на дел од летовите има мали доцнења, но во принцип сите авиони навремено слетуваат и полетуваат.
Засега од управата на ТАВ посочуваат дека се откажани летовите од и до Истанбул на „Туркиш Ерлајнс“ поради лоши временски услови на „Кемал Ататурк“ аеродромот.
Откажани се и авиолиниите што доаѓаат од Лондон и од Хановер. За сите промени во распоредот на летање патниците ќе бидат навремено известени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.