Тениската репрезентација на Франција го освои трофејот на 29. издание во Хопман купот откако во финалето ги победи Соединетите Американски Држави со 2-1.
На натпреварувањето кое по традиција се одржува во Перт, Австралија, Ришар Гаске донесе водство на Франција по победата над Џек Сок со 2-1 во сетови. Коко Вандевеге беше подобра од Кристина Млаедновиќ со 2-0 во сетови и изедначи на 1-1.
Решавачкиот поен за Франција во мечот на мешани двојки кој се игра до четири освоени гема во секој сет, го добија Гаске и Младеновиќ кои со 2-0, по сетови 4:1 и 4:3 беа подобри од двојката Сок-Вандевеге.
Ова е втора титула за Франција во Хопман купот, САД останаа на шест трофеи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.