| четврток, 6 декември 2018 |

Терористот од аеродромот на Флорида е воен ветеран со дозвола да носи оружје (ФОТО)

mkd-301892

Напаѓачот кој вчера пукаше во меѓународниот аеродром во Форт Лодердејл на Флорида и уби пет а рани осум лица, е американски воен ветеран кој служел во Ирак и кој имал дозвола за носење оружје, јавуваат американските медиуми.
Тој е идентификуван како Естебан Сантијаго (26) и е уапсен по пукањето. Сантијаго е роден во Њу Џерси, а служел во националните гарди на Порторико и Аљаска. Во 2010 и 2011 година бил распореден во Ирак и добил повеќе воени признанија пред да биде префрлен во неактивните резервни сили, објави Пентагон, не наведувајќи други детали.

Телевизијата Ем-ес-ен-би-си објави дека неговата тетка кажала дека Сантијаго се вратил од Ирак „како друга личност“.

ФБИ објави дека засега како мотив за нападот не го исклучува тероризмот.

Сантијаго почнал да пука во луѓето во одделот за преземање на багажот во аеродромот Форт Лодердејл. Тој уби пет, а рани осум луѓе, додека уште триесетина лица се префрлени во локалните болници поради полесни повреди како скршеници и гребаници добиени во хаосот и паника за време на нападот.

mkd-301896

„Станува збор за бесмислен чин на зло“, кажа гувернерот на Флорида Рик Скот.

Сантијаго во ноември минатата година влегол во канцеларијата на ФБИ во Енкориџ на Аљаска и почнал чудно да се однесува, па вработените го предале на полицијата, која го префрлила во ментална институција на психолошка проценка.

Од ФБИ за Ројтерс изјавиле дека Сантијаго на агнетите во Енкориџ им кажал дека неговиот ум го контролира американската разузнавачка агенција која го тера да гледа снимки на Исламска држава.

mkd-301895

Сантијаго допатувал во Форт Лодердејл со лет од Аљаска преку Канада со пријавен пиштол во својата торба. Тој ја земал својата торба и отишол во тоалет за да го наполни пиштолот, по што излегол и почнал да пука. Напаѓачот е неповреден бидејќи полицајците не испукале ни еден куршум при апсењето, и засега се смета дека работел сам, соопшти полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top