Вооружен напаѓач отвори оган на аеродромот во Форт Лаудердејл во терминалот 2 на одделот за багаж, , при што загинаа пет лица, а се повредени осум, јавија американските медиуми.
Напаѓачот е приведен и ранет при обидот повторно да го наполни пиштолот.
Напаѓачот е идентификуван како Естебан Сантијаго-Руиз, 26 години, и е роден во Њу Џерси, велат полициски извори во изјави за CBS News, кои додаваат дека со него имал воена идентификација од САД.
NEW: Image of Fort Lauderdale Int’l Airport shooting suspect Esteban Santiago, law enforcement sources confirm. https://t.co/9HnH5MXpI2 pic.twitter.com/c23dnSoFW4
— CBS News (@CBSNews) January 6, 2017
Надлежните велат дека не го знаат мотивот за нападот.
Сенаторот Нелсон рекол дека тоа можел да го направи само ментално пореметена личност или некој кој имал злобни мотиви за кои треба да се грижат секој ден, а тоа е тероризам. Нелсон рекол дека тие не може да го заклучат тоа засега.
Речиси еден час по изјавата од канцеларијата на шерифот дека осомничениот е во притвор, луѓето почнале да трчаат по пистата. Шерифот Скот Израел, изјавил за новинарите дека нема потврда за било какви дополнителни пукања.
„Во овој момент, изгледа дека тој дејствувал сам“, изјави Израел.
NEW: Image of firearm believed to be used by Ft. Lauderdale Int’l Airport shooter, ID’d as Esteban Santiago https://t.co/J54RiABFFl pic.twitter.com/dM5nCPuql6
— CBS News (@CBSNews) January 6, 2017
Аеродромот во моментов е целосно затворен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)