Намaлниот водостој на Охридското Езеро поради подолгиот сушен период обуслови вечерва мал дел од Езерото на потегот пред хотелот „Палас“ каде повлекувањето на водата е највидливо да почне да мрзне.
Ова се случува речиси секоја година, но првпат оваа зима.
Останува надежта дека најавениот снег и неговото топење ќе ја поправат хидролошката слика и водостојот ќе се врати во нормални граници
Фотографијата е на познатиот охридски и македонски фотограф од Охрид Стојан Стојановски.
извор: Публицитет.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.