| четврток, 6 декември 2018 |

Море исфрли илјадници киндер јајца (видео)

Десетици илјади Киндер јајца беа исфрлени на брегот на германски остров денеска за време на бура. Деца и возрасни се собраа на плажите за да ги собираат црвените, жолти и сини пластични јајца што содржат играчка, на бреговите на островот Лангеог откако бурата Аксел ја погоди Германија со силно невреме вчеравечер.

– Сигурно има над 100.000 јајца – рече градоначалникот на Лангеог Уве Гарелс кој смета дека играчките се проблем, а не забава.

kinder-jajca-plaza-382893289-696x364

Службите сметаат дека јајцата најверојатно биле натоварени на петте контејнери што паднале од товарен брод.

Јајцата беа исфрлени на брегот без чоколадната обвивка, заедно со Лего играчки со ликовите од „Војна на ѕвездите“ и најлонски кеси со пластични кутии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top