| четврток, 6 декември 2018 |

Водачот на бандата „Пинк Пантер“ пронајден мртов во Дубаи (Видео)

Најважниот актер на грабежот на векот, 35-годишниот Борко Илинчиќ, бил пронајден мртов во затворот во Дубаи, пишуваат денес српските медиуми.

Илинчиќ, како што пишува Kurir.rs, бил “мозок на операцијата” при упадот во трговскиот центар во Дубаи, кога бил украден накит од златара во вредност од 11 милиони евра.

borko-ilincic-mrtov-dubai-02

Тој во октомври минатата година бил екстрадиран од Шпанија во Обединетите Арапски Емирати, а наводно во затвор починал од инфаркт.

-Семејството било известено дека Илинчиќ починал во затвор. Неговиот брат отпатува во Дубаи да го преземе неговото тело, но и да се обиде да дознае што се случило во затворот, рекол пријател на покојниот Илинчиќ.

Тој открива дека семејството не верува во официјалната верзија за смртта и се сомнева дека Борко бил убиен.

Илинчиќ станал познат по спектакуларниот грабеж во трговскиот центар “Вафи” во Дубаи на 15. април 2007. година. Групата со две “аудија” влегла во трговскиот центар, и со едно од нив го пробила излогот на златарата “Граф”.

За помалку од една минута, разбојниците изнеле дијаманти, накит и часовници во вредност од 11 милиони евра. Успеале да се вратат во автомобилите и да побегнат, а автомобилите подоцна ги запалиле.

Илинчиќ успешно се криел до февруари 2014. година, кога бил уапсен во предградието на Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top