Во последните 24 часа само во долна Баварија, како последица на бурата Аксел, се случиле 170 сообраќајни несреќи, јави дописникот на МИА од Берлин.
Како резултат на бурата, која донесе силен ветер и снег, едно лице го загуби животот, а полесно или потешко се повредени десетина други.
Германските власти за денеска најавија подобри временски услови и поголема безбедност на патиштата, но апелираат на внимателно возење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.