| четврток, 6 декември 2018 |

Што открива за вас начинот на кој ја стискате тупаницата

Некои луѓе веруваат дека начинот на кој ја стискате тупаницата може многу нешта за открие за личноста, додека пак другите се скептични околу тоа. Во секој случај, интересно е  да се проучат деталите на ова набљудување на личноста. Хиромантијата тврди дека голем број тајни за животот на некоја личност  се запишани на нејзините дланки.

Не морате детално да ја познавате хиромантијата и што секој линија на дланката значи за да дознаете нешто повеќе за нечија личност, доволно е да погледнете на кој начин некој ја стиска тупаницата, а тоа може често да се случи, кога таа личност е нервозна, кога и е студено, кога е возбудена.

Пробајте, едноставно е. Прво погледнете како вие ја стискаа тупаницата и што тоа зборува за вашата личност.

Тупаница број 1

Ваков тип тупаница открива љубезна и несебична личност. Треба да внимавате другите луѓе да не ја користат вашата добрина. Оваа личност е авантурист и сака да учи нови работи.

Тупаница Број 2

Ваков тип тупаница се поврзува со креативни личности. Вие не се плашите да ризикувате и ги следите своите страсти. Тоа ви дава можност за големи искуства. Вие сте родени како лидер и луѓето ве следат со насмевка. Овој тип личност се бори со себе кога се во прашање носење одлуки.

Тупаница број 3

Овој тип на тупаница открива личност со скриени таленти и некој кој сака да ја скрие својата волја, страст и разумот. На овие личности им е потребна поголема самодоверба за да им ги откријат своите таленти на другите, а понекогаш и на самите себе. Време е да ги пуштите своите внатрешни таленти и да му покажете на светот од што сте создадени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top