Кој би рекол? Изгледа дека постои директна поврзаност помеѓу формата на прстите на нозете и карактерот на личноста. Според оваа теорија постојат 4 видови форми на прсти: обичното стапало, огненото стапало, коцкестото стапало и издолженото стапало. Па, ајде погледнете ги вашите стапала и откријте нешто повеќе за вашиот карактер…
Обично стапало -Прстите на луѓето со оваа форма на стапала им се наредени во дијагонална линија. Тоа не само што значи дека тие се социјални пеперутки, туку и дека постојано се отворени за пробување нови нешта. Без разлика која нова земја ја посетувате, вие никогаш нема да го изгубите вашето чувство за авантура. Оваа форма на прстите на стапалата најчесто се појавува кај оние луѓе кои се безнадежни авантуристи и кои обожаваат да патуваат.
Огнено стапало -Доколку вашиот втор прст е најдолг, тогаш за вас имаме добри и лоши вести. Вие сте спортисти, полни со енергија и со отворен ум. Исто така одлични сте кога станува збор за подигнување на ентузијазмот кај другите. Но, оваа енергија и ентузијазам исто така значи и дека сте претерано импулсивни.
Коцкесто стапало -Доколку вашите прсти имаат иста должина, вие обожавате да мечтаете. Без разлика каде сте, вие едноставно се губите во вашите мисли. Исто така често се грижите и претерано ги анализирате малите нешта. Вашата тенденција за силно размислување секогаш ве прави „мајката“ во друштвото.
Издолжено стапало -Интровертите имаат најголеми шанси да имаат издолжено стапало, со помали прсти кои се силно збиени и голем палец кој се одвојува над останатите.
извор:македонија денес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.