Последните неколку денови голем број на млади решија да клекнат пред своите избранички и да ја побараат нивната рака. Но всушност, според некои податоци, на нашите простори, Новата година не е денот кога се случуваат најголемиот број запросувања, туку тоа е Бадник.
Според некои анкети, дури една третина од анкетираните рекле дека Бадник е совршениот ден во годината за запросување. Далеку помалку проценти добиле деновите за кои веднаш би се помислило и кои директно асоцираат на љубов и заедништво, односно Денот на вљубените и сл. Се смета дека Бадник е идеален ден од повеќе причини. Веројатно бидејќи се работи семеен празник, кој го обединува семејството и сплотува. Романтично доба од годината, бидејќи е зима и владее целата таа празнична еуфорија. Општо владее некој посебен дух на сплотеност и благосостојба кој ги создава идеалните услови за симболичен почеток на едно ново семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.