| четврток, 6 декември 2018 |

Терминаторот до Трамп: Готов си! (Видео)

Некогашниот градоначалник на Калифорнија и вечниот “Терминатор”, Арнолд Шварценегер, се покажал одлично во новата улога во која го заменил американскиот претседател, Доналд Трамп.

Тој, имено, е водител на новата верзија на “Apprentice”, чија прва епизода била прикажана на 2. јануари.

Со месеци се шпекулирало која фраза би можел тој да ја користи при исфрлањето на натпреварувачите и конечно е откриено: Готов си, оди во хеликоптерот, или оригинално – “You’re terminated. Get to the chopper”.

Фразата е споена од култните филмови на познатиот актер, “Терминатор” и “Предатор”.

Филмот “Терминатор” е од 1984. година, а “Предатор” од 1987. година.

Иако претседателот на САД се повлекол од водителската позиција на ова шоу, тој ќе остане извршен продуцент.

Арнолд Шварценегер во првите интервјуа рекол дека тоа е “шоубизнис”, но од аголот на некој што бил градоначалник, рекол дека потегот на Трамп може да се спореди со неговата ситуација кога влегол во политичките води, но ги задржал филмските права и парите од “Терминатор”.

Инаку, Арнолд додал и дека не му е лесно што го менува Трамп во улога на шеф на ова реално шоу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top