| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатни бројки се вртат во Кина, Шангај нуди цело богатство за Обамејанг!

obamejang 1

Кинеското лудило никако да престане. Ново име кое се поврзува со трансфер во богатата земја е Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд, кој ако прифати да се пресели во Кина ќе го направи најголемиот светски трансфер и воедно ќе стане најплатениот фудбалер во светот.

Последната шпекулација вели дека екипата на Шангај веќе испратила конкретна понуда до Борусија Дортмунд вредна вртоглави 150 милиони евра. Ако фудбалерот прифати да се пресели во Кина, тогаш тој ќе заработува 41 милиони евра по година, со што ќе го мине Карлос Тевез, кој пред извесно време се пресели во Кина за 40 милиони евра по сезона.

Обамејанг е еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата и воедно најдобар член на „милионерите“. Репрезентативецот на Габон е во Германија од 2013 година и на 111 меча за Дортмунд има постигнато 70 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top