| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола: Манчестер Сити е десет години зад европските гиганти

pep-gvardiola

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ги изненади непријатно фановите на својот клуб, истакнувајќи дека градскиот ривал Манчестер јунајтед е развојно десет години пред „граѓаните“. Ова секако не се добредојдени зборови за симпатизерите на Манчестер сити, а посебно кога доаѓаат од сопствениот тренер. Но, Гвардиола тврди дека Сити нема доволно искуство со настапи во европските купови, за разлика од Манчестер јунајтед.

– Има толку многу историја во дресовите на Барселона, Јувентус, Баерн Минхен или Манчестер јунајтед. Тоа не се надоместува така лесно. Искуството од настапите во Европа не можат да го заменат ниту трофеите. Овие клубови се десет години напред во однос на другите, а Манчестер сити допрва треба да го мине тој развоен пат. Ние сега треба да ги убедиме љубителите на фудбалот ширум светот дека сме способни за најголеми дострели во европските купови. Нашите фанови секако не поддржуваат, но тоа не е доволно за да станете голем клуб во светски рамки – изјави Пеп Гвардиола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top