Тело на жена меѓу 60 и 70 години e пронајдено вчера во реката Вардар. Телото во 12.55 часот било забележано во грмушки на десниот брег на реката.
Од страна на екипа на Противпожарната заштита, телото е извадено од водите на реката Вардар, а екипа од Итна медицинска помош се обидела да изврши реанимација, но не успеала и констатирале смрт.
На телото немало забележливи физички повреди, а не биле пронајдени ниту лични документи во облеката. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено во институтот за судска медицина за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.