„Осакатена Америка“ (Crippled America, 2016) беше бестселер на Доналд Трамп исполнет со аргументиран увид во штетите нанесувани на Америка од нео-марксистите. Левите мејнстрим медиуми и нивните агресивни елитисти посветени на проектот за Нов Светски Поредок, мразат да ја спомнат оваа огромно влијателна книга меѓу „прогресивните“, идеолошки еднострани анализи на општествено-политичката реалност. Во меѓувреме левичарските професори како George Ciccarielo-Maher ја продолжуваат револуцијата против народот, со индоктринации на студентите и со медиумска реторика на омраза и зло: „За Божиќ имам само една желба – геноцид на Белците“ или „Не сум алт-лев, туку сум комунист.
Пред три децении, со оптимистички реализам Трамп го убеди светот во патот до успехот на интелигентниот и работлив Американец – преку реалната уметност на создавање бизнис (The Art of the Deal, 1988). Тоа е книга за личниот напредок и успех на индивидуата преку приватна сопственост и слобода на пазарот, со раката и разумот на самоиницијативност и инвентивност. Во неа се јасни претпоставките што ја направиле Америка најуспешна земја која, и покрај сите породилни болки на своето општество младо само 250 години, се бранеше од латентната комунистичкo-фашистичка субверзија во 20. век, ширена од западната атеистичка левица, пред и по 1919 (Западно Европскиот комунизам од Франкфуртската Школа, Фабијанскиот социјализам од Британија, комунистичката Портланд Академијата на Џон Рид, мрежата за глобален општествено-психолошки инжењеринг на Tavistock институтот, радикално левите Saul Alinsky и Bill Ayers, WUO (инспиратори на Обама и Клинтон) ACORN, ACLU, социјалистичката Хипи револуција).
И во двете книги Доналд Трамп го претставува здравиот разум и творечкиот дух на онаа Америка која верува во напредок преку вредноста на трудот и правото на заслужен профит, и преку вредноста на човекот, на личен, фамилијарен и општествен план. Наспроти тоа, левичарската манија има поинаков „сон“: фанатизирано да теоретизира и организира општествени кризи кои би довеле до револуции (иако неодржливи), преку левичарски експерименти со хистерични агенди за насилни промени на светот и човекот, уривање на закони и земји, хејтерско бришење на традицијата, хаотични мултикултурни ревизии и чистки на историјата преку радикална идеолошка пропаганда во образованието, културата и медиумите.
Еден друг автор на бестселери за современата реалност на САД, Питер Швајцер, е исто така објективен аналитичар на суштествени општествено-научни и анегдотски непобитни вистини, дека: десничарите се тие што создаваат дела со работа (Res, non verba) а левичарите се склони на крадење, разграбување на туѓото, дека републиканците се чесни и одговорни градители на успешно општество – „од народот, со народот, за народот“, а либералите/левицата е генетски предиспонирана да руши и наметнува нетолерантни цензури со „политички коректни“ идеи за менување на светот преку фиктивна и противречна слобода и правда. Новата книга на Швајцер „Clinton Cash” (2015) го одбира само планктонот од океаните на криминал во корумпираниот левичарски клан на Клинтоновци, администрацијата на Обама и нивните американски и светски елитистички, „хуманитарни“ милијардери (како Сорос) кои финансираат анти-хумани револуции, миграции, миксации на култури и дисфигурации на држави, општества и идеологии. Овие клубови на богатион и моќен а нетранспарентен естаблишмент сепак беа „прочитани“ од реалните американци кои гласаа за Трамп. Од 1960те години до времето на милениумската генерација, здава Америка го има доживувано естаблишментот на сопствената кожа како нова економска, општествена и акултурна тиранија, опишана и од Марк Левин (Liberty and Tyrrany, 2009), како недопирни владетели, цареви (во извршната власт на социјалистот/комунист Обама), како Big Brother од Орвел, или Владетел од Макијавели, како анти-американски конструкт на глобализмот и неговиот проект за Нов Светски Поредок.
„Создавачи и ограбувачи“ (Makers and Takers, 2008) е другата книга на Швајцер која научно-популарно ја анализира деструктивноста на анти-американизмот кај лево индоктринираните, гневни маси во САД. Иако обесправен и дискриминиран – десничарскиот, традиционално конструктивен и христијански мирољубив ум на САД, опишан и во книгата на сенаторот и претседател на Херитиџ Фондацијата, Џим ДеМинт (Why We Whisper, 2008), докажа дека сепак има право и моќ да го сруши митот за само-љубивата, цинична, арогантна, вечна исправност на левицата во историјата.
Гласачите за Трамп се покажаа дека и сега се тој разумен, природно интелигентен, работлив а молчалив народ, од сите социјални и интелектуални нивоа, не само од провинцијална Америка (како што Левицата во САД или Македонија дискриминаторски го етикетира (гласачите за Трамп биле луѓе за презир, “deplorable”, народот со ВМРО е наречуван „стока, овци“ ). Но народот е тој што ја носи демократијата (ако идејата за „власт на народот“ е сеуште одржлива од старите политички филозофии на Атина), а не само-устоличената елита, глобалната олигархија.
Американскиот, како и македонскиот народ (и британскиот и др.) победи со своите идеи за реални успеси во своето општество и држава, се спротивстави на левите, оттуѓени, корумпирани бирократи и криминални експлоататори на 21от век. Изгуби бескрупулозната либерална елита на САД која „прогресираше“ во регрес веќе 60 години, профитирајќи со својот монопол на политички пораки и квази интелектуална индоктринација. Народот победи зашто во него е суштинската моќ за која Швајцер објавува прецизни и одржливи економски показатели, правни и психо-антрополошки тестирања и студии за состојбите зад сцената на бруталното и неспречено нео-комунистичкото ропство кое ги стега слободите и напредокот на Америка, и светот, а во цинично име на тие слободи и напредок. Победата на Трамп е победа на вистинските демократски (demos kratos), што значи републикански (res publicum) идеи за вредноста на човекот и неговите права, наспроти тоталитарниот централизиран апарат на левите (и некои десни) милијардери збогатени со туѓи пари, со „филантропски донации“, со војни и убиства, со мизантропско непријателство кон „другиот“. Следбениците на Трамп се мнозинството кое сепак останало неиндоктринирано, или навреме ги сфатила тие леви „агенти за промени“, кои субверзивно агитираат праведно општество, а им ги одземаат правата, слободите и развојот на поединецот и земјата.
Кој не сака да биде „богат“? – реторички се прашуваат и милијардерите и социјалците. И монасите сакаат да го збогатат манастирот во дивината. Но, особено по изборот на Трамп, американската Левица и нејзинте лажни моралисти, со зголемена патолошка злоба го презираат богатството на Трамп, неговата благосостојба, естетика, фамилијарни вредности на неговите деца, и врвните интелектуални капацитети на членовите на неговиот кабинет, меѓу кои се и милијардери и генерали и врвни светски умови успешни во бизнисот и политиката). Народот (неправедно наречен популистичка маса), не ги изгласа „левите милијардери“, кои во САД се помногубројни од републиканските. И по регуларните избори, левата пакост продолжува да се организира за нови опструкции и реорганизирање на индоктринираната „војска“ за рушење на оние кои биле фактор позначаен од нивната виртуелано-теоретски проектирана „промена“ која води до новата светска влада. Меѓутоа, на САД и Западот му се случува „реалност“ која ја игнорираа и насилно ја менуваа новите војници за социјализам (кој веќе е напуштен и рационално трансформиран во Русија и Кина). Се случи неочекуваното од едностраноста на радикалните либерали: беневолентна народна револуција на десницата. Републиканската мисла и пракса доби мандат да ги руши децениски билданите деструкции и дезинформации (fake news) кои непречено пропагираа отворено општество меѓу заведените умови. И по изборите во САД (8 ноември, 2016), левото едноумие продолжува да му се заканува на десничарскиот концепт за развој и мирот во земјата и светот. Либералите на САД веќе забрзано подготвуваат нови сценарија за разгорување на социјални немири, формирање нови расистички асоцијации порадикални и од Црните пантери, пожестоко тренирање на непомирливите социјални активисти, како и смислување сценарија за убиство на феноменално популарниот, брилијантен стратег, природно надарен, масовно избран, неконвенционален и (за левата квази-интелигенција) непредвидлив лидер, Трамп. Една вистина останува архетипски важечка, иако неприфатена од левите/демократите, а тоа е кодот во левата и десната природа на човекот и општеството, која Швајцер толку јасно ја изнесува во својата книга Makers and Takers.
Неговите истражувања резултираат во изненадувачки егзактни социо-психолошки профилирања на испитаниците кое се лево или десно определени. Еве само некои од нив: Американската левица е патолошки склона на декаденција, егоцентрична, злобна, со девијации во моралот и карактерот, емотивно лабилна, суетна во својата лажна супериорност, ароганција и вештачка љубезност. Конзервативците се подарежливи, понесебични, помалку материјалисти, потолерантни, поинтелектуални и порационални, посреќни и посмирени, што ја побива тенденциозно фабрикуваната теза на левите просветари, медиуми и поп-култура дека десните (а не левите) се алчни и со авторитарни ставови. Либералите се помалку верни, помалку посветени на фамилијата, понеодговорни кон децата, родителите, брачниот партнер, понечесни, помрзеливи, со пониско ниво на емоционална задоволеност, повеќе наклонети на промискуитет, проституција, педофилија и трговија со луѓе и деца, поконфликтни со останатите. Конзервативците имаат подобра работна етика, помал број на отсуства поради боледување за разлика од либералите, работат повредно, понапорно и почесно, помалку се жалат, зависат неспоредливо помалку од дрога, пороци и деликвенции. Двапати поголеми се шансите либералите да ја изигруваат државата во однос на социјална помош. Либералите се два-и-пол пати позавидливи на туѓиот успех и 50% пољубоморни на туѓата среќа. На прашањето „Дали ви причинува задоволство да ја ставате туѓата среќа пред својата?“ – 55% од конзервативците одговориле потврдно, наспроти само 20 % левичари-либерали.
Либералите веруваат дека централизираната, цврста државна власт ќе им обезбедува еднакви можности и права, ќе ги ублажи социјалните проблеми, ќе ги штити граѓанските слободи. Сметаат дека улогата на власта е да гарантира дека никој нема да е во неволја (nanny state, statism) и дека и на масите и на поединците ќе им ги решава проблемите „одозгора“ (државата како субститут за бог).
Конзервативците веруваат во лична одговорност, ограничена улога на власта врз поединецот, дерегулација на строгите закони, слободен пазар, индивидуална слобода, традиционални човекови вредности и силна национална одбрана (Reagan: Peace Through Strength). Сметаат дека улогата на власта е да обезбедува слобода на луѓето неопходна да ги следат своите креативни способности, да одлучуваат за своите цели и да ги решаваат своите проблеми на реално можен начин.
И после сите разлики, ќе може ли поединец или поедина партија, сами да ја подобруваат и трансформираат Америка (Make America Great Again) ако другиот, другата партија, ја саботира мнозинската власт, државата и народот, организира дезинтегрирање, неоправдан револт и деструктивни промени во име на скриени агенди и нетранспарентна демократија кој само номинално работи за интересите на САД?
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.