| четврток, 6 декември 2018 |

Се наметнува ли секуларна евтаназија на македонскиот јазик и народ?

marija kukubajska

Проблемот со јазикот не е ниту економски ниту територијален, туку првенствено идеолошки, политички, партиски и културолошки. Ако не е така, зошто САД трошат тешки финасии за писмено и усмено администрирање на повеќе од 200 јазици (во  Министерства за правда, за здравство,  во служби за имиграција, здруженија за возачки испити), па сепак тоа „олеснување“ доведе до се потешка општествено-културолошка подела.

Проблемот со воведување на многујазичност на една територија (или институција), се покажа исто така фактор на критично разединување во САД, иако англискиот сеуште е официјален јазик. Наместо еден јазик во една суверена држава да остане фактор на кохезија и отворена демократизација во меѓуодносите на сите јазично/етнички заедници, некои држави како САД, создаваа процеси за јазична „гетоизација“ и за општествени, идеолошки, партиски и други конфликти.

Исклучоци како Канада или Швајцарија не се реални, ниту релевантни за споредба со Македонија зашто македонската специфичност е во тоа што од сите соседи отсекогаш трпела окупација со цел за екстерминација на македонскиот јазик и идентитет, а денес во 21 век тоа одново го претрпува и поради целите на новото геополитичко рекомпонирање на економските и територијалните интереси на светската влада во однос на малите, иако спрема меѓународните човекови права – еднакво значајни народи и јазици. Се чини дека и екологистите на глобализмот се повеќе загрижени за угинување на врстите животни одошто за угинување на еден јазик,  македонскиот.

Се наметнува ли уште една биоетичка, атеистичка, алтер-теистичка, или секуларна евтаназија –  сега над македонскиот јазик, и народ?! Или на државата Македонија и се случува „окупација“од уште една алтернативна реалност на некои заблудени радикално-либерални револуционерни елити!?

Не е за споредба но да ги спомнеме и социјалистичките универзитетски кампуси во САД каде веќе не е безбеден ни еден друг вид јазик – „јазикот“ на десничарските, републикански интелектуалци (небезбеден колку од цензурата на „политички коректниот“ јазик, толку и од анти-националната тортура на пост-националните агенди: со фанатична пристрасност кон едни и со манијакална омраза и нетолеранцијата кон други.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top