Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, нагласи дека се согласува со ставот на МНР на Македонија да не се урива пријателство меѓу Србија и Македонија.
Тој посочи дека е длабоко убеден за потреба за пријателски односи со Македонија, но дека не може да се преправа дека не гледа дека Македонија го призна Косово и гласаше за прием на Косово во УНЕСКО, додека Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име, нешто што е најважно државно прашање, се вели во соопштение од Министерството за надворешни работи на Србија.
– Треба ли да ги потсетувам колегите во Скопје колку Србија вложи во тоа сите овие години, признавајќи ја Македонија под уставно име, ризикувајќи свои односи со Грција, иако во ОН и во ЕУ се користи името ПЈРМ, а Македонија потоа ја призна еднострано прогласената независност на Косово – наведува министерот.
Тој додава дека колегите во Скопје добро знаат колку лично придонел за развој на пријателските односи.
– Колегите во Скопје добро знаат дека лично разговаравме со Груевски и Поповски, но и со претседателот Иванов за гласањето во Унеско за прием на Косово, што за нас е од витално државно и национално прашање. Македонија на крајот гласаше против српскиот став, за прием на Косово. Тоа е јасна порака дека албанскиот интерес или нечиј друг, сеедно, им е поважен од пријателството со Србија. Лесно ќе биде со моите изјави, но што ќе биде со конкретни политички одлуки во следните периоди. Белград никогаш нема да направи на штета на Скопје, би сакале да биде и обратно. А, ако не е така, тогаш никој нема право да се лути на Србија што ги брани своите интереси – додава Дачиќ, пренесе Танјуг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.