| четврток, 6 декември 2018 |

Заминал да се бори против исламистите, а семејството и пријателите ги излажал дека оди на одмор

%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%b0%d1%87
Готвачот од Британија кој заминал во Сирија да се бори против Исламската држава на страната на Курдите, загинал во текот на битките пред Божиќ, јавиле курдските сили.

20-годишниот Рајан Лок од Чичестер, кој немал никакво воено искуство, умрел за време на офанзивата на антиисламските сили во близина на Рака на 21. декември.
Лок одлетал во автономната покраина Ројава за да им се приклучи на Единиците за народна заштита во август.

%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%b0%d1%872
На пријателите и семејството им кажал дека оди во Турција на летување, но на Фејсбук веднаш објавил дека оди во Сирија да им се приклучи на курдските сили.
-На пат сум за Ројава. Лажев дека одам во Турција. Извинете што не ви кажав. Ве сакам и се враќам за 6 месеци- напишал, а на фотографиите на социјалните мрежи е прикажан со насмевка во маскирна униформа и со оружје.

Таткото на Лок, Џон, во изјава за Гардијан рекол дека Рајан бил многу фино момче кое би направило сè за да помогне.
-Имаше златно срце- рекол и замолил за приватност за да може семејството да тагува на мир.
Курдските сили му изразиле сочувство на семејството на Лок.
-Го загубивме храбриот колега Рајан и уште четири борци во селото Јаебер. Рајан не беше само борец кој придонесуваше за нашата борба, туку со своето знаење беше пример за младите борци. Премина половина свет поради судбината на нашиот народ и поради хуманост.”

Лок на социјалните мрежи јавувал за опасностите со кои се соочува во Сирија. Во бомбардирањето на 24. ноември во Арими, загинале повеќето припадници на неговата единица.
Лок тогаш објавил фотографија која ги прикажува неговите повреди, и рекол дека неговите пријатели Антон и Мајкл биле убиени во нападите.
Тој инсистирал дека ќе остане до крај, и дека ќе се бори шест месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top