Роџер Федерер победи на стартот од Хопман Купот во Перт и предизвика голема тениска еуфорија. 13.684 љубители на тенисот беа присутни на мечот во сингл на Швајцарецот.
Најтрофејниот светски тенисер дури тренираше пред полни трибини, а Австралијанците го прифатија како свој, па дури и повеќе навиваа за Швајцарија, отколку за својата репрезентација.
Федерер победи и во сингл и во двојки и успешно го започна обидот да освои едно од натпреварувањата кое го нема во своите витрини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.